Почеток ПОДКАСТ360 Степени/Саботажа 360° season 11, show 63 Инвестициите (кредити) од Обединетото Кралство и одржливоста на јавниот долг

360° season 11, show 63 Инвестициите (кредити) од Обединетото Кралство и одржливоста на јавниот долг

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај



Broadcasted on May 19, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Министерката за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја прашуваме од кого конкретно ќе се позајмуваме, со колкава камата, со каква динамика ќе се влечат парите, колкав ќе биде рокот на отплата откако беше објавено дека со Обединетото Кралство ќе се потпишуваат договор за стратешко партнерство и договор „влада со влада“, при што се споменуваат инвестиции (преку заеми) од шест милијарди евра. Тема се и растот на јавниот долг, може ли тој да остане на одржливо ниво со новите заеми, какви се ризиците од корупција, како ќе се изберат британските фирми што ќе ги градат брзата пруга Табановце-Гевгелија и неколкуте болници, ќе има ли тендери (конкурентни постапки) при ангажман на локални подизведувачи, ќе има ли задолжување и кај Обединетите Арапски Емирати… Разговараме и зошто наспроти оптимизмот на Владата за раст на БДП од околу 4 отсто оваа година, проценката на ММФ е дека тој ќе изнесува 3,2 отсто, а на Светската банка уште понизок – 2,6 отсто, зошто ребалансот на буџетот се најавува за крајот на јуни и во која насока ќе оди, колку пари досега се потрошени за инфраструктурни проекти за општините (од унгарскиот кредит), има ли доцнење во повратот на ДДВ за фирмите.

Прегледи: 0

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro