Почеток СПОРТ Испиша историја: Ѓоковиќ ја освои 100-та титула во кариерата!

Испиша историја: Ѓоковиќ ја освои 100-та титула во кариерата!

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Новак Ѓоковиќ имаше сет негатива и мораше да игра долг меч против Роберт Хуркач, но на крајот победи со 2:1 во сетови во финалето на АТП турнирот во Женева.

Српскиот тенисер не потклекна пред секогаш незгодниот полски ривал, кој успеа да го добие првиот сет со 7:5, но во следните два се играше тај-брејк.

Ѓоковиќ го искористи искуството и маестрално одигра во решавачката етапа од вториот и третиот сет и со два добиени тај-брејка го комплетираше пресвртот.

За српскиот тенисер ова е остварување на една важна цел, а тоа освојување на стотиот АТП трофеј во својата неверојатна тениска кариера.

Влегувањето во клубот 100 секако е цел која Ноле ја бркаше од Олимписките игри во Париз, па со освоениот јубилеен трофеј сега е во друштво на Рожер Федерер (103) и Џими Конорс (109) кои досега беа единствени двајца со освоени најмалку 100 титули.

Ѓоковиќ со оригинална порака ја прослави својата толку очекувана „стотка“
Иако беше во доста лоша форма во изминатите два месеци, Ноле заигра далеку подобро на турнирот во Женева, па покрај тоа што го искористи истиот за добра подоготовка за Ролан Гарос, испадна дека истиот му донесе и среќа околу целта која ја бркаше од месец август.

Во големото финале, Ѓоковиќ правеше пресврт против Хуберт Хуркач и стигна до убав јубилеј во земјата на својот голем ривал Рожер Федерер, па јасно е дека набрзо ќе го нападне и неговото достигнување.

Ѓоковиќ денеска ја достигна границата 100, а откако го направи тоа, испрати оригинална порака до сите свои следбеници на социјалните мрежи.

Ноле го искористи бројот 100 за да го потенција својот познат слоган, па зборот „Идемо“ доби оригинална импровизација од Србинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro