Почеток МАКЕДОНИЈА ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По денешното невреме кое ја зафати територијата на државата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека веднаш ги активираше своите механизми за следење и координација.

– Директорот на ЦУК Мухамет Али во текот на целиот ден ја следеше ситуацијата и беше во континуирана комуникација со сите надлежни институции со цел навремено и ефикасно справување со последиците од невремето, соопшти ЦУК.

Според ЦУК, досега на повеќе локации се евидентирани материјални штети – поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот. Не се пријавени повредени лица.

Известени се и надлежните служби за водовод и канализација, противпожарната служба и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кои се во подготовка за постапување согласно своите надлежности.

ЦУК ги повикува сите граѓани да останат внимателни и да ги почитуваат препораките на надлежните служби, како и навремено да пријавуваат опасни или животозагрозувачки состојби на бројот за итни случаи 112.

Текстот ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro