Почеток БАЛКАН Српски медиуми: Во Белград уапсен Кинез и Британец од потерница на ФБИ

Српски медиуми: Во Белград уапсен Кинез и Британец од потерница на ФБИ

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кинескиот државјанин Цуи Гуангај и Британецот Џон Милер биле уапсени во Белград по наредба на ФБИ за прогон на кинески дисиденти и обиди за шверц на американска воена технологија, објавија денеска српски медиуми. Тие пристигнале во Србија од Унгарија, наводно во транзит, а по еден месец префрлени во домашен притвор – што некои адвокати го гледаат како преседан. Белград сега го балансира ризикот да ја налути Кина ако ги екстрадира и да предизвика дипломатски инцидент со САД ако одбие.

Во хотелот „Хајат“ во Белград кон крајот на април се случи меѓународен инцидент кој имаше толку непријатни последици за српската влада што министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, мораше да оди во кинеската амбасада.

На 24 април, во вечерните часови, српската полиција ги уапсила кинескиот државјанин Цуи Гуангај и британскиот државјанин Џон Милер, врз основа на меѓународна потерница издадена на барање на САД. Имено, американските власти ги обвинуваат за организирање прогон и заплашување на кинескиот уметник Хуи Бо, кој живее во САД. Тој создаде провокативни скулптури со кои се исмејуваше и навредуваше кинескиот претседател Си Џинпинг и неговата сопруга, пишува БИРН.

Следниот ден, на 25 април, Министерството за правда на САД ја пофалило реакцијата на српските власти и објави дека ќе побара екстрадиција на двете уапсени лица во САД. Тие додадоа дека двајцата обвинети, доколку бидат прогласени за виновни, се соочуваат со казна од околу четири до пет години затвор за кривично дело прогон. Сепак, случајот набрзо стана комплициран, бидејќи им се припишуваат и некои други кривични дела.

Кон крајот на мај, Министерството за правда на САД објави дека се поднесени две одделни обвиненија против Цуи, познат и како „Џек“, и Џон Милер: едното во Калифорнија за прогон на кинескиот уметник Хуи Бо, а другото во Висконсин за обид за нелегална трговија со американска воена опрема и шверцување во Кина, што носи казна до 20 години затвор.

Во обвиненијата се тврди дека двете лица ги координирале дејствијата во соработка со неколку лица, за кои подоцна ќе се утврди дека се тајни агенти на ФБИ.

Само еден ден по апсењето во Белград, кинеската влада реагирала на највисоко ниво, дознава БИРН. Кинескиот амбасадор Ли Минг прво разговарал со министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, а тој разговор бил опишан како многу непријатен.
Амбасадорот истакнал дека Кина направила многу за Србија и дека не е во ред да се враќа вака, како и дека уапсениот Гуангај е од големо значење за кинескиот државен врв.

Неофицијално, српскиот министер за полиција го упатил амбасадорот кај претседателот на земјата, Александар Вучиќ, наведува медиумот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro