Свиркачи до СДСМ доставија интерен список за вработување на 50 лица во РЕК Осломеј. На списокот има членови на општински комитети, но и роднини на активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Без јавен конкурс, без јасни критериуми, без стручна селекција. Единствениот услов за вработување е партиската книшка и фамилијарната поврзаност со власта, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
– РЕК Осломеј, стратешки важна енергетска точка, наместо да биде дел од стабилен енергетски систем, власта го користи како алатка за партиски вработувања на грбот на народот. Вака ли ВМРО-ДПМНЕ ќе го менува системот? За ова ли бараа доверба од граѓаните? Сите ветувања за мерит-систем, професионализација и правична држава се фрлени во вода. Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да отвори предмет по сопствена иницијатива. Бараме ЕСМ јавно да ги поништи сите незаконски вработувања, рече Кузеска.
Текстот СДСМ обвинува: ВМРО-ДПМНЕ вработува 50 свои луѓе во РЕК Осломеј е превземен од А1он.