Денес свечено беше обележан почетокот на изградбата на интерконекторот на природен гас, кој ќе биде пренесуван од Грција. Овој стратешки проект се реализира со поддршка на Европската унија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
На настанот беа присутни претставници на компанијата која ќе го гради интерконекторот, амбасадорката на САД Ангела Агелер, амбасадорот на ЕУ Михаилис Рокас, амабасдорката на Грција, министерката Сања Божиновска, вицепремиерот Изет Меџити и претседателот на Владата на Репубика Македонија, проф. др. Христијан Мицкоски.
Во прилог ја имате нашата фото галерија од настанот.