Почеток МАКЕДОНИЈА KIMISUITE го менува хотелскиот бизнис во Македонија – 100% локално, 0% провизија

KIMISUITE го менува хотелскиот бизнис во Македонија – 100% локално, 0% провизија

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

KIMISUITE лансира целосно дигитално решение на македонскиот хотелски пазар – специјално развиено за хотели, апартмани и мали сместувачки капацитети кои сакаат да ги оптимизираат своите процеси, да заштедат трошоци и истовремено да станат поконкурентни. Со над 20 години искуство во дигиталната трансформација, KIMISUITE става јасен фокус на автоматизација, едноставност и долгорочна заштеда за хотелите. Повеќе информации на kimisuite.com

Уникатно на македонскиот пазар е тоа што KIMISUITE за првпат ги комбинира хотелскиот менаџмент, директните резервации без провизија и автоматската Live Sync синхронизација со светски познати платформи како Booking.com, Airbnb, Expedia, Agoda, Trip.com, Vrbo, HRS и други. Сето ова во единствен систем, без потреба од преминување од алатка во алатка или рачно ажурирање на цени и достапност. Сите резервации се управуваат од едно централно контролно табло – брзо, сигурно и транспарентно.

KIMISUITE е целосно веб-базирана, достапна на над 13 јазици и развиена според највисоки европски стандарди за безбедност и заштита на податоци. Развојот целосно се одвива во Македонија, со локален тим кој ги разбира реалните потреби на хотелите.

Валентин Ристевски, основач на KIMISUITE, вели: „Не сакавме само да создадеме уште една платформа – сакавме да изградиме нешто што навистина ќе помогне. Затоа решивме KIMISUITE да се развива тука, дома, во Македонија. Веруваме во потенцијалот на нашата земја и сакаме нашите хотели да ја имаат истата дигитална сила како и меѓународните.“

Платформата дополнително вклучува Restaurant Hub – решение кое овозможува дигитални менија и онлајн резервации на маси, идеално за хотелски ресторани кои сакаат да понудат модерно и уредно гостопримство. За апартмани и мали бизниси, KIMISUITE нуди и модерни веб-страници и лендинг страни, без потреба од дополнителни трошоци за агенции или програмери.

Марија Антиќ, менаџер во KIMISUITE, додава: „Ние зборуваме на јазикот на хотелите – и технички, и човечки. Нашата цел е хотелите да заработуваат повеќе, да станат помалку зависни од провизии и агенции, и да добијат целосна контрола над нивниот бизнис.“

Како дел од идната визија, KIMISUITE веќе го подготвува следниот чекор: BookSmart.mk – национална листинг платформа каде што сите клиенти на KIMISUITE ќе бидат бесплатно промовирани. Со ова, хотелите не добиваат само моќен систем за менаџмент, туку и нов канал за поголема видливост – особено за домашни и странски гости кои сакаат да резервираат директно во Македонија.

„BookSmart ќе биде нашата дигитална излога за македонскиот туризам. Секој хотел кој користи KIMISUITE автоматски ќе биде присутен таму – затоа што веруваме дека технологијата и локалната соработка можат да направат вистинска промена“, заклучува Ристевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro