Почеток МАКЕДОНИЈА Муцунски на средба со претседателот на ПССЕ Теодорос Русопулос

Муцунски на средба со претседателот на ПССЕ Теодорос Русопулос

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На маргините на Дубровник Форум 2025, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварил средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос.

-Во година кога одбележуваме 30 години членство во Советот на Европа, на средбата беше потврдена нашата силна заложба за вредностите и стандардите на Организацијата. Соговорниците ја истакнаа и важноста на Европскиот суд за човекови права, неговата независност и спроведувањето на неговите пресуди, посочил Муцунски на средбата.

Како што стои во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски упатил благодарност за поддршката од Советот на Европа во спроведувањето на реформите дома и усогласувањето со европските стандарди.

Оттаму додаваат дека соговорниците размениле мислења и за пошироките безбедносни предизвици во Европа, вклучително и руската агресија врз Украина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro