Почеток МАКЕДОНИЈА Притвор за дилер од Скопје – кај него е пронајден кокаин

Притвор за дилер од Скопје – кај него е пронајден кокаин

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.П.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од КЗ.

Имено, на 10.07.2025 во 22.10 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.П.(30) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, а по извршеното вештачење констатирано е дека станува збор за кокаин со нето маса 46,56 грама.

Со К.П. бил извршен службен разговор, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Текстот Притвор за дилер од Скопје – кај него е пронајден кокаин е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro