1
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен моментално разговараат како да го заобиколат унгарското вето за членството на Украина во ЕУ.
„Какво губење време! Тие треба да разговараат како да се погрижат никој да не умре за време на присилна регрутација“, напиша Орбан во Фејсбук групата „Клуб на воини“.
Според него, Украина е земја во војна, но тоа, како што изјави, не ѝ дава право да прави сè.
Текстот Орбан: Зеленски да се погрижи никој да не умре за време на присилна регрутација е превземен од А1он.