Cotton Blues Festival ви го претставува експлозивното легендарно блуз рок трио од Австралија, Rob Tognoni Band.
Триото има нов албум и моментално се на светска турнеја. После Скопје, тие ќе настапат во Германија, Австрија, Италија, Романија, Холандија, Белгија, Англија…Се работи за 38 настапи само во Европа.
Новиот албум има наслов Rebel, со промовирани два сингла досега, а на албумот се забележува и преработката на Whiskey in the Jar од Thin Lizzy.
Rob има зад себе 27 албуми и соработувал и свирел со легенди како Roy Buchanan, Lonnie Mack (ментор на Stevie Ray Vaughan), Joe Walsh од The Eagles, Peter Green, Johnny Winter, ZZ Top, Sting и Bo Diddley. Влијание има од Cream, Hendrix, BB King, но и од AC/DC, а тоа може да се почуствува на неговите албуми, и посебно на живите настапи.
Се гледаме на 28 Ноември во Лабораториум!
The post Cotton Blues Festival ви го претставува експлозивното легендарно блуз рок трио од Австралија, Rob Tognoni Band appeared first on ekran.