Неодмана објавената песна на Јон Ајди, Going Down, која патем доживеа и најголем успех кај нас и во странство, сега стана дел и од проектот наречен Backyard Sessions. кој е резултат на соработката помеѓу овој млад пејач и на 2by4 Production. Шест песни од неговиот прв мини албум беа изведени и снимени во живо, а меѓу нив се најде и Going Down, омилената песна на Јон, како што вели тој.
Младиот кантавтор Yon Idy ја објави својата најнова песна под наслов „Going Down” – песна на која работел подолг период, песна со која созревал.
„„Going Down” е песната со која созреав. Работев на неа подолог период, па и затоа е најразлична од сите останати. Иако во неа е опеано туѓо искуство, искуство на една моја многу драга и блиска личност, јас постојано се пронаоѓав во неа. Со тек на време искуството стана и мое, па сега можам да кажам дека Going Down е песната која ја сакам од повеќе аспекти, од емоционален, инструментален, но и искуствен аспект. Секој нов додаден момент во неа, за мене значеше ново созревање. Се надевам публиката го согледува тоа”, изјавува Јон.
Yon Idy – Going Down (Live at the Backyard Sessions)
Јон активно соработува со 2by4 Production веќе неколку години, па оваа година како производ на оваа соработка се случи и проектот Backyard Sessions, во кој ќе учествуваат повеќе наши изведувачи. Целта на проектот е промоција на македонските изведувачи, нивната музика и претствување на истите на странскиот пазар.
„Ова снимање беше едно поинакво доживување, за мене прво од ваков тип. Благодарност до 2by4 Production, бендот, придружните вокали и Devil’s Studio кои овозможија да излезе овој звук. Песните изведени во живо секогаш оддаваат поинаков звук, но и перформансот е различен, поемотивен, единствен. Инсектите ни направија малку проблеми, но со тимска работа, и тој проблем се надмина”, низ смеа вели Јон.
The post „Going Down” во живо – дел од мини албумот на Јон Ајди appeared first on ekran.