Почеток МАКЕДОНИЈА Mицкоски: Грчкиот и бугарскиот проблем почнаа веднаш на денот на осамостојувањето на државава

Mицкоски: Грчкиот и бугарскиот проблем почнаа веднаш на денот на осамостојувањето на државава

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Јас сакав и можеби наивно се надевав дека мојот мандат ќе биде фокусиран исклучиво на реформи, проекти, мерки и реализирање на програма, на економија, развој и спроведување реформи, но за жал Македонија како држава не може да помине еден мандат на една гарнитура без таа да е проследена со некои историски или национални теми или прашања, подвече во својот говор премиерот Мицкоски.

Mицкоски: ВМРО нераздвојно и непоколебливо му припаѓа на македонскиот народ

Но ако се вратиме наназад ќе видиме дека тоа е проклетството кое мора да го носиме, гордиевиот јазол на македонското прашање не може едноставном да се пресече, туку е надвиснат над нашата земја веќе со децении и векови. Прашањето е живо не само затоа што ние го држиме живо, туку затоа што нашите соседи го држеле живо заради сопствени или регионални интереси.

Мицкоски: Историјата треба да зближува, а не да разединува


Оттука низ историјата сакале да ја делат Македонија, да ја окупираат, едни па други, па трети, па сакаа да ја обезличат, нешто кое и денес е актуелно.

Но ние не смееме да се предаваме, колку и да е тежок овој предизвик. Цел на секоја наредна генерација е да изоди барем еден чекор нанапред во зачувување на идентитетот на Македонците.

Негаторски политики секогаш имало. Историјата се повторува но секогаш како фарса. А ние мора да си тераме по својот пат, мора да сфатиме дека да имаме подобра држава зависи исклучиво од нас и од никој друг. Ако ние не водиме сметка за институциите, буџетот, околината, ние ќе живееме полошо. Ние мора самите а се свртиме кон нас, и да се цениме повеќе, да веруваме во себе, да не дозволуваме апатијата да не проголта и да не водат алузии дека сите не престигнале и нас не не бива. Тоа не е точно. Ние одамна ќе бевме во ЕУ да не беа грчкиот проблем со македонија и бугарскиот проблем со македонија. Да се потсетиме и грчкиот и бугарскиот проблем почнаа веднаш на денот на осамостојувањето на државава. И траат како дел од нивна стратешка политика базирана на нивното гледање на историјата и нивните регионални интереси и цели, до ден денес.

The post Mицкоски: Грчкиот и бугарскиот проблем почнаа веднаш на денот на осамостојувањето на државава appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro