Почеток МАКЕДОНИЈАMлади математичари од Македонија донесоа злато и сребро од Олимпијадата во Австралија

Mлади математичари од Македонија донесоа злато и сребро од Олимпијадата во Австралија

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Младите математичари од Македонија, Алексиј Тасиќ и Дамјан Давков остварија голем успех на меѓународен натпревар во Австралија, а дома се враќаат со златен и сребрен медал, пишува порталот „Умно“.

На 66. Интернационална олимпијада по математика која се одржува во Саншајн Коуст, Квинсленд во Австралија, златен медал за Македонија освои Тасиќ, а сребрен – Давков. И двајцата ученици се повеќегодишни познати претставници на земјава на меѓународните математички натпреварувања. Ова е прво злато за Тасиќ, а вкупно трето за Македонија на светската математичка олимпијада.

The post Mлади математичари од Македонија донесоа злато и сребро од Олимпијадата во Австралија appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа