Почеток БАЛКАНMожни се три опции: Конечната пресуда против Милорад Додик на почетокот на август

Mожни се три опции: Конечната пресуда против Милорад Додик на почетокот на август

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Правосилната пресуда против Милорад Додик, претседателот на ентитетот РС, во случајот за неизвршување на одлуките на високиот претставник, треба да биде донесена најдоцна до почетокот на август, јавија босански медиуми.

Додик беше осуден со првостепена пресуда на Судот на Босна и Херцеговина на една година затвор и забрана за вршење на функцијата претседател на ентитетот во период од шест години. Сепак, по бурните настани за време на процесот прашањето за конечната пресуда носи дополнителна тежина.

Апелацискиот совет составен од судиите Амела Хускиќ, Весна Јесенковиќ и судијата Хилмо Вучиниќ, откако беше одбиено барањето на одбраната за дисквалификација на судиите Јесенковиќ и Вучиниќ, доби дополнителни 30 дена за нова пресуда.

Во второстепената постапка, можни се три опции: потврдување на првостепената пресуда, нејзина измена (вклучувајќи го и евентуалното поништување или намалување на казните) или враќање во Апелациониот совет за нова одлука, пишуваат босански медиуми. (МИА)

Можно е и ова да ти се допаѓа