Почеток СВЕТ Moлдавците сепак тесно одлучија дека сакаат во ЕУ

Moлдавците сепак тесно одлучија дека сакаат во ЕУ

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Повеќе од половина од гласачите во Молдавија гласаа за евроинтеграции на референдумот за членство на земјата во Европската унија, покажуваат прелиминарните податоци на Централната изборна комисија по обработени 98,38 отсто од гласачките ливчиња.
49,93 отсто од граѓаните гласале против идејата Кишињев да влезе во ЕУ.

Молдавија и кажа „не“ на Европската Унија: Пристигнуваат резултатите од референдумот


Според податоците на ЦИК, 732.780 гласачи гласале за членство на Молдавија во ЕУ, додека 730.664 гласале против.
Претходно, синоќа Централната изборна комисија соопшти дека граѓаните на Молдавија на референдумот не гласале за влез на републиката во ЕУ. По обработката на 30 отсто од гласачките ливчиња, 56 отсто биле „против“, додека 43 отсто гласале „за“.
Во рамките на референдумот беше потребно да се одговори на едно прашање: „Дали поддржувате измени на Уставот со цел членство на Република Молдавија во Европската Унија?“.

The post Moлдавците сепак тесно одлучија дека сакаат во ЕУ appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro