Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивотNatura Therapy со својот бренд AD ASTRA е официјален партнер на европските младински олимписки игри

Natura Therapy со својот бренд AD ASTRA е официјален партнер на европските младински олимписки игри

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со учество на над 4000 спортисти од 49 држави, кои ќе се натпреваруваат во 15 различни спортови, Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF), е дефинитивно најголемиот спортски настан досега организиран во Македонија. Ќе се одржи од 20 до 26 јули 2025 година во Скопје, Куманово и Осијек (Хрватска).

Неговото значење за спортот и воопшто за нашата земја го препозна и компанијата Natura Therapy, која со својот бренд Ad Аstra – синоним за спорт, фитнес и рекреација, е официјален партнер на EYOF (младинските олимписки игри).

Како прв македонски бренд за суплементи, со гордост ја истакнуваме нашата соработка и поддршка за МОК и младинските олимписки игри, обезбедувајќи како финансиска, така и поддршка во суплементи за сите млади спортисти, идни професионални ѕвезди. Веруваме дека за секој успех е потребна целосна поддршка, не само редовно тренирање, технички подготовки и дисциплина во вежбањето, туку и правилна исхрана со внесување квалитетни суплементи.

Секоја победа на терен започнува со победа над себеси, со имплементирање на здрави навики за исхрана. Исхраната е поврзана не само со перфомансите, туку и со менталното здравје, самодовербата, воспоставувајќи цел сплет на фактори кои влијаат на крајните резултати. Во тој контект брендот Adastra е сигурна и квалитетна опција за активен и фит живот. На сите млади спортисти им посакувам успешни настапи на ова натпреварување.”, изјави г. Сашко Дрвошански, нутриционист, претставник на Natura Therapy.

Спортот отсекогаш претставувал повеќе од игра – тој е дисциплина, мотивација и инспирација за подобар и поздрав начин на живот. Младите спортисти се симбол на енергија, натпреварувачки дух и стремеж кон подобро. Тој стремеж кон создавање висококвалитетни и иновативни природни додатоци во исхраната, создадени за подобрување и одржување на здравјето на човекот е мотивот за постоење на Natura Therapy.

Оваа поддршка е само продолжување на досегашната поддршка на спортот во земјава. Имено Ad Аstra – под-бренд на компанијата Натура Терапи, е генерален спонзор на младинската кошаркарска лига, која го носи името „Adastra младинска кошаркарска лига“.

The post Natura Therapy со својот бренд AD ASTRA е официјален партнер на европските младински олимписки игри appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа