Почеток ЕКОНОМИЈАNothing работи на нов тип паметен телефон

Nothing работи на нов тип паметен телефон

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Компанијата Nothing неодамна го претстави Phone (3), кој го промовира како свој прв вистински водечки уред, но сега се појавија гласини дека истражува „нов терен“.

Nothing наводно планира да додаде модели со ознаки „Lite“ или „T“ во својата понуда, бидејќи „Pro моделите едноставно не се доволни“, тврди извор од Индија.

Се поставува прашањето за кои Pro модели станува збор. Nothing неодамна претстави уред со таа ознака, а тоа е Phone (3a) Pro, паметен телефон од средна класа кој има подобри спецификации од Phone (3a).

За жал, изворот не откри повеќе детали за телефоните Nothing Lite или T, па затоа не е познато која линија би можела да ja добие тaa наставка. Дали тоа ќе биде Nothing Phone (3 Lite) или Nothing Phone (3a) Lite?

Сè што останува е трпеливо да се чекаат нови информации, кои несомнено ќе се појават на интернет во наредниот период доколку има вистина во тврдењата на гореспоменатиот извор.

The post Nothing работи на нов тип паметен телефон appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа