Почеток МАКЕДОНИЈА Taравари за починатото бебе: Не сум за да се стигматизираат докторите

Taравари за починатото бебе: Не сум за да се стигматизираат докторите

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во врска со случајот со починатото  14-месечно бебе во Скопје, министерот Таравари рече дека не вели оти докторите направиле голема грешка, меѓутоа имало превид, имало пропуст.

– И јас не сум за да се стигматизираат докторите. „Ајде да ги исфрлиме“, „ајде да ги судиме“… Меѓутоа, некаква казна треба да се даде за да понатаму не ни се повторат. Сите сме потенцијални пациенти, додаде Таравари.

Скопје заслужува нов Клинички центар, но дали ќе го добие?

Меѓу другото, тој кажа и дека нивен предлог до Лекарска комора било привремено да се одземат лиценци, некаква дисциплинска мерка од клиниките или болниците за да не се повторат грешките.

– Целта е таа. Бидејќи тој живот, за жал, не можеме да го вратиме. Меѓутоа, да не ни се повторуваат грешките, нагласи Таравари.

The post Taравари за починатото бебе: Не сум за да се стигматизираат докторите appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro