Ливерпул ќе работи на продажба на своите играчи по неколку реализирани дојдовни трансфери, а најмногу би можеле да заработат од трансферот на крилниот напаѓач Луис Дијаз.
Имено, Колумбиецот веќе им кажал на челниците на „црвените“ дека сака да го напушти „Енфилд“ бидејќи има намера да ја продолжи кариерата во Баерн, објавија денес германските медиуми.
Челниците на Ливерпул ќе ја исполнат желбата на 28-годишникот бидејќи веќе ги доведоа играчот од средниот ред Флоријан Вирц и напаѓачот Уго Екитике, но тој бара 80 милиони евра отштета од Баерн.
Да ве потсетиме дека првичната понуда од 67 милиони евра од баварскиот клуб беше категорично одбиена и сега се чека нова понуда од Баерн.
Во меѓувреме, германските медиуми објавуваат дека Дијаз веќе се договорил за четиригодишен договор со Баерн, според кој би заработувал 14 милиони евра по сезона.
Дијаз пристигна на „Енфилд“ пред три и пол години од Порто во трансфер вреден 54 милиони евра, а минатата сезона постигна 17 гола и имаше осум асистенции.
Од друга страна, Ливерпул ги доведе Вирц, Екитике и дефанзивците Милош Керкез и Џереми Фримпонг во летниот преоден рок.
The post Луис Дијаз го напушта Ливерпул, бараат 80 милиони евра отштета од германскиот шампион appeared first on Локално.