0

Дебитантот Зеленортските острови го постигна првиот гол на Светските првенства и тоа против првиот мундијалски победник Уругвај. Се играше 21. минута кога Кевин Ленини изведе слободен удар од голема далечина, се растури „живиот ѕид“ од двајца членови и Муслера беше немоќен.
- Голот на Ленини против Уругвај:
Со овој погодок растат аспирациите на Зеленортските острови, кои можат да ја поминат групата ако вечерва извојуваат победа над Уругвајците.
Во првото коло Зеленортските острови одиграа 0-0 против фаворитот Шпанија.
www.gol.mk
