Според метеоролозите, утре претпладне ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер

Денеска во 10:24 часот на северната хемисфера календарски започнува летото. Првиот летен ден ќе биде најдолг во годината и ќе трае 15 часа и 14 минути, а синоптичарите најавуваат сончево и претежно топло време. Летото ќе трае до 23 септември, кога официјално ќе настапи есента.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот не очекува сончево и топло време со мала облачност. Сепак, во попладневните часови, главно во северозападните делови од земјата, ќе има услови за развој на нестабилност проследена со слаб локален дожд, грмежи и ретка појава на град.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во западните предели повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 37 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневната температура ќе достигне до 36 степени.
Според метеоролозите, утре претпладне ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер, а ќе има и услови за појава на град. Дневните температури утре ќе се искачат до 37 степени.
360stepeni.mk
