Почеток СПОРТЧаби Алонсо се кае што му кажал ДА на Реал, среќен е што веќе не е на клупата

Чаби Алонсо се кае што му кажал ДА на Реал, среќен е што веќе не е на клупата

24 Фудбал мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чаби Алонсо е среќен што веќе не е на клупата на Реал Мадрид и не морал да се справува со хаосот што се случува на „Бернабеу“ кој кулминираше со тепачка помеѓу Феде Валверде и Орелиан Чуамени.

Чаби Алонсо со историска сезона на клупата на Баер Леверкузен се промовираше во еден од најбараните млади тренери, а со оглед на неговото минато во Реал Мадрид, не можеше да му каже НЕ на Флорентино Перез кога му се укажа прилика да го наследи Карло Анчелоти.

Но тој издржа само шест месеци на „Бернабеу“ и во јануари доби отказ, што поради слабите резултати, што поради тоа што ги изгуби конците во соблекувалната.

По серијата инциденти кои се случија во Реал Мадрид изминатиов период, медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека Чаби Алонсо се кае што им кажал ДА на „кралевите“ и смета едка направил грешка кога одлучил да седне на жешкото столче.

„Не знаев дека доаѓам во детска градинка“ – реагирал бесно Чаби Алонсо во еден момент.

Но тој во исто време е среќен што не морал да се справува со хаосот што следел, кој кулминираше со тепачка помеѓу Феде Валверде и Орелиан Чуамени.

Можеби ќе ве интересира

24fudbal.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар