Емитувана на 17 септември 2026 г. (четврток) на МРТ 1 од 20:30 ч.
Во ова издание донесуваме:
– „Везилка“ беше промовирана како сеопфатно решение, но владиниот Генерален секретаријат планира уште 1,6 милиони евра за вештачка интелигенција – нова потреба или двоен трошок;
– зошто ветрот собори дури 190 дрвја во Скопје на 21 јули; зошто не биле исечени или искроени дрвја за кои веќе било донесено такво решение; градската власт и невладините си ја префрлаат одговорноста;
– граѓански надзор над локалната власт – кој исполнува, а кој останува на ветувања;
– Косово по пресудите од Хаг за поранешното раководство на ОВК – разговор со Џорџина Бами, новинарка на БИРН, која одблиску го следеше хашкиот процес;
– „Саботажа“.
Прегледи: 1
