Почеток ПОДКАСТ360 Степени/Саботажа360° сезона 13, емисија 3 За дата-центри, дигитална лична карта, роаминг како дома, некои тендери…

360° сезона 13, емисија 3 За дата-центри, дигитална лична карта, роаминг како дома, некои тендери…

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај



Емитувана на 21 септември 2026 г. (понеделник) на МРТ 1 од 20:30 ч.

Со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, разговараме – колку сме блиску до дигитална држава и што од најавите навистина ќе почувствуваат граѓаните? Власта планира државен дата-центар и зборува за интерес од приватни инвеститори за изградба на вакви капацитети. Две различни приказни што во јавната дебата често се мешаат. За што ќе се користи државниот податочен центар, каде ќе се гради и кога? А што ќе добиеме од приватните инвестиции и какви ресурси бараат тие? Ќе разговараме и за личните документи на мобилен телефон – кога ќе можеме да ги користиме? До каде е реализацијата на ветувањето за роаминг во Европската Унија по цени како домашните? Тема ќе биде и набавката за која известивме во претходното издание: зошто владиниот Генерален секретаријат планира уште 1,6 милиони евра за вештачка интелигенција по промоцијата на „Везилка“?

Прегледи: 0

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар