Broadcasted on April 20, 2026 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Кој електорат го претставува Азир Алиу во власта, поточно дали и кој дел од партиската база остана со него, со оглед на тоа што Алијанса за Албанците се делеше повеќепати. Ова е прашање до Алиу, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, со кого разговараме и за причините за разидувањето со сопартиецот Арбен Фетаи, вицепремиер за политики за добро владеење. Една од централните теми во интервјуто е случајот со непотребните операции и упатувања на операции на срце – зошто и по пет месеци од прелиминарниот извештај за десет такви примери, не е завршена целата постапка и јавноста не ги знае инволвираните болници и доктори? Има ли притисок од засегнатите приватни болници случајот да се забошоти? Азир Алиу го прашуваме и како е можно работник во јавното здравство да земе плата од 700 илјади денари за еден месец и притоа сè да биде според правилата и законите, како и дали изигрувањата ќе се надминат со измените и дополнувањата на Законот за евиденциите во областа на здравство, кои се во процес на донесување. Зборуваме и за реакциите по најавите за воведување систем за евиденција на работното време во болниците со отпечаток од прст. Неизбежна тема е континуираниот недостиг на лекови за одредени категории пациенти и обидот тоа да се надмине со нов закон за лекови.
Прегледи: 0
