
По Арсенал, кој во полуфиналето беше подобар од Челзи, пласман во финалето на Лига купот на Англија избори и Манчестер сити, кој вечерва на свој терен ја совлада екипата на Њукасл со резултат 3-1.
Со оглед на тоа што „граѓаните“ го добија и првиот натпревар на гости со 2-0 убедливо стигнаа до финалето кое ќе се игра на „Вембли“ на 22 март. Вечерва сè беше решено за само половина час. Омар Мармуш во 7. минута ги доведе домашните во водство, а дваесетина минути подоцна истиот играч ја удвои предноста на Манчестер сити.
Веќе во 32. минута Рајндерс по акцијата на Семењо, погоди за 3-0 и тогаш прашањето околу патникот во финалето беше дефинитивно решено. До крајот остана само да се види со каков резултат „граѓаните“ ќе го потврдат пласманот, а Еланга во средината на второто полувреме само го ублажи поразот на Њукасл и ги постави конечните 3-1.
www.gol.mk
