Лидерот на прволигашката табела, Вардар, доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Арсими во Гостивар со 1-0 и сега го дели врвот со тетовска Шкендија со по 58 бода.
Единствениот гол за екипата од Чегране беше дело на шпанскиот интернационалец, Маркел Гони, во 43-тата минута.
Арсими со оваа победа се искачи над опасната зона, па со 29 бода сега е на седмото место со бод повеќе од струмичка Брера.
За разлика од Вардар, тетовска Шкендија со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај Македонија ЃП. Единствениот гол во населбата Ѓорче Петров беше дело на Ендрит Красниќи во 53-тата минута. Тетовските „црвено-црни“ со овие три бода до вкупно 58, колку што има и Вардар.
Македонија ЃП по поразот останува на 23 поени, по бод повеќе од Пелистер и Работнички.
netpress.com.mk
