Почеток ЕКОНОМИЈАНема ново намалување на ДДВ за дизелот, потврди Мицкоски

Нема ново намалување на ДДВ за дизелот, потврди Мицкоски

Нова Македонија
0 коментари
A+A-
Ресетирај
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека земјава и понатаму има најниски цени на бензините и дизел-горивото во регионот, благодарение на намалените акцизи и понискиот ДДВ за бензините.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна дека засега не се разгледува дополнително намалување на ДДВ за дизелот. Притоа се повика на податоци од Меѓународен монетарен фонд, според кои државата е меѓу првите три во Европа по обем на мерки во однос на БДП.

Мицкоски нагласи дека поради пониските цени, е зголемена потрошувачката на гориво од страна на граѓани од соседните земји, при што во одредени денови се бележи раст и до 30 проценти. Како што рече, станува збор за посетители од Србија, Косово, Албанија, Грција и делумно Бугарија.

Изјавата ја даде по присуството на панихида во Црквата Св. Спас во Скопје, одржана по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев.

Премиерот информираше и дека сè уште се во тек инспекциски контроли по сомнежи за евентуален реекспорт на горива од страна на одредени компании. Како што посочи, проверките се спроведуваат врз основа на добиени информации од лица вклучени во бизнисот, а институциите ќе постапат согласно наодите.

novamakedonija.com.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар