Кошаркарите на Олимпијакос се првите коишто се квалификуваа за финалниот турнир Фајнал Фор, потврдувајќи ја својата доминација против Монако во четвртфиналето со победа на гости од 105:82, со која ја добија серијата со 3-0.
Олимпијакос водеше во текот на целиот трет натпревар, а неизвесноста брзо ја снема. По првата четвртина гостите од Пиреја водеа со 26:17, додека во полувремето влегоа со предност од 61:40. Остатокот од натпреварот беше добро довршена работа од страна на грчкиот тим.
Најдобар стрелец на Олимпијакос беше Еван Фурние со 22 поени, а впиша и пет асистенции. Алек Питерс постигна 18 поени со шест скока, а Томас Волкап имаше 14 поени и пет асистенции. Од другата страна, Метју Стразел постигна 21 поен, Џарон Блосомгејм 19, а Мајк Џејмс 16 поени со шест асистенции и шест скока.
Кошаркарите на Хапоел Тел Авив го победија домаќинот Реал Мадрид со 76:69 во третиот натпревар од четвртфиналето, намалувајќи го засотанувањето во серијата на 1-2. Како и третиот, четвртиот натпревар ќе се игра во бугарски Ботевград во четврток, а во потенцијалниот петти ќе биде домаќин Реал Мадрид. Серијата се игра за три победи.
Треј Лајлс беше најдобар стрелец на Реал со 14 поени, а додаде и пет скока. Габриел Дек постигна 11 поени со три скока. Кај Хапоел, Елајџа Брајант и Крис Џонс постигнаа 19 поени, а Брајант имаше девет скока и три асистенции. Џонс имаше седум фаќања. Василије Мициќ постигна 13 поени.
Во среда се закажани третите натпревари меѓу Жалгирис и Фенербахче и Панатинаикос и Валенсија. Турскиот и грчкиот тим имаат водство од 2-0 по првите два натпревара.
netpress.com.mk
