Почеток МАКЕДОНИЈАФилипче: СДСМ се повлекува од собраниската Комисија за финансирање и буџет, нема да учествува во брутално задолжување на државата

Филипче: СДСМ се повлекува од собраниската Комисија за финансирање и буџет, нема да учествува во брутално задолжување на државата

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Покрај економските критики, Филипче на прес-конференцијата најави и правни чекори што ќе ги преземат во Собранието. Тој го обвини претседателот на Собранието, Африм Гаши, за континуирано кршење на Деловникот и најави дека за него ќе поднесат кривична пријава и интерпелација

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието / ФОТО: СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција соопшти дека пратеничката група на социјалдемократите целосно се повлекува од работата на Комисијата за финансирање и буџет. Како причина за овој чекор, тој го наведе задолжувањето на државата.

Филипче упати обвинувања до Владата предводена од Христијан Мицкоски, тврдејќи дека земјата се турка во должничко ропство. Тој истакна дека последниот обид за задолжување од 300 милиони евра кај домашните банки е показател за разнишан кредитен рејтинг.

„Последниот предлог е да се земат 300 милиони евра од банки, но банките на Владата не ѝ ги дозволија, што укажува на веќе постоечки сомнежи во нашиот кредитен рејтинг. Имено, конзорциум на банки дозволи кредит од само 260 милиони евра, со ужасно голема каматна стапка од близу 4,5 проценти“,





рече Филипче.

Според него, вкупниот долг на земјата е зголемен за две милијарди евра за само две години.

„Од 8,5 милијарди во 2024 година, сега сме близу 11 милијарди евра. Ова се пари кои ќе ги враќаат идните генерации“,

рече тој.

Според лидерот на опозицијата, парите од задолжувањата не завршуваат кај граѓаните, туку во „партиски тендери“. Тој посочи дека нема редовна исплата на плати во јавните институции, се доцни со исплатите кон најранливите категории и оти државата им должи близу 200 милиони евра на компаниите по основ поврат на ДДВ.

Од партијата велат дека нивната пратеничка група нема да учествува во комисиските расправи кои служат за, како што велат, сомнителни задолжувања.

Филипче додаде дека власта нема визија, ниту компас за тоа каде ја води државата, освен преку строго контролирани тендерски постапки за партиски фирми.

Покрај економските критики, Филипче на прес-конференцијата најави и правни чекори што ќе ги преземат во Собранието. Тој го обвини претседателот на Собранието, Африм Гаши, за континуирано кршење на Деловникот.

„Претседателот на Собранието закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет и покрај тоа што претседателката Сања Лукаревска е тука и не е отсутна. Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија“,

рече Филипче најавувајќи дека СДСМ ќе поднесе кривична пријава и интерпелација за Гаши.



360stepeni.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар