
Лацио официјално ја продолжи соработката со Романо Флоријани Мусолини, правнукот на поранешниот италијански диктатор Бенито Мусолини. 23-годишниот десен бек стави потпис на нов договор со римскиот клуб, со кој ќе остане на „Олимпико“ до 30 јуни 2031 година.
Младиот фудбалер е продукт на младинската школа на Лацио, а по неколкуте позајмици во Пескара, Јуве Стабија и Кремонезе, оваа сезона доби значително поголема улога во првиот тим. Повредата на Адам Марушиќ му отвори простор, а Флоријани Мусолини ја искористи шансата и се наметна во плановите на тренерот Џенаро Гатузо.
„Продолжувањето на договорот со овие бои за мене е причина за голема гордост. Тоа е дополнителна мотивација секогаш да го давам максимумот. Напред Лацио“, порача фудбалерот по официјализацијата на новиот договор.
Неговата семејна врска со Бенито Мусолини често привлекува внимание во италијанската јавност, но самиот фудбалер во повеќе наврати истакнуваше дека сака да биде оценуван исклучиво според настапите на теренот.
www.gol.mk
