Почеток СВЕТБилансот од двете верижни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија се искачи на 11 загинати

Билансот од двете верижни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија се искачи на 11 загинати

Нова Македонија
0 коментари
A+A-
Ресетирај
Фото: Принтскрин

Вкупно 11 лица загинаа во двете верижни сообраќајни несреќи што се случија на автопатот „Тракија“ во Бугарија, во близина на клучката „Зимница“, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за здравство.

Според соопштението објавено во 17 часот по локално време, првичните информации по несреќите укажувале на 12 загинати, но по спроведената идентификација на жртвите и проверката на податоците, конечниот број е утврден на 11. Десет лица починале на местото на несреќата, додека едно лице им подлегнало на повредите во болница во Јамбол.

По несреќите, вкупно 51 лице било хоспитализирано. Од нив, 33 пациенти биле примени во болниците во Сливен, 11 во Јамбол и седум во Бургас.

Од бугарското Министерство за здравство информираат дека 13 од повредените се здобиле со тешки телесни повреди.

novamakedonija.com.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар