Манчестер Сити се подготвува за разделба со најскапиот играч во клупската историја. Џек Грилиш беше платен огромни 118 милиони евра за трансферот од Астон Вила, но и покрај одредени спектакуларни изданија за „граѓаните“, се чини дека никогаш целосно не ги оправда вложените средства.
Договорот со повремениот англиски репрезентативец истекнува следната година, но повеќе од извесно е дека нема да го одработи до крај. Како можни следни дестинации се споменуваат Њукасл Јунајтед и Тотенхем, па дури и „кам-бек“ во матичната Астон Вила. Сити веројатно ќе го продаде за сума од 30 или 35 милиони евра, што е за трипати помалку од тоа што го инвестираше во него.
Грилиш е дете на Астон Вила и за клубот од Бирмингем одигра над 200 мечеви во сите конкуренции, а во Манчестер Сити настапи на 97 премиерлигашки натпревари и постигна дванаесет голови.
Ја освои Премиер лигата, а исто така го крена и трофејот во Лигата на шампионите. Англичанецот е деветтиот најскап фудбалер на сите времиња.
www.gol.mk