Почеток СПОРТ ВИДЕО: „Страшен“ гол на Антони за луд пресврт на Бетис кај Еспањол!

ВИДЕО: „Страшен“ гол на Антони за луд пресврт на Бетис кај Еспањол!

Гол мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Откако го напушти Манчестер Јунајтед и замина на позајмица во редовите на Бетис, бразилскиот офанзивец Антони игра во фантастична форма и со право може да се каже дека е еден од најзаслужните фудбалери за позитивните резултати на „зелено-белите“ од Севиља во пролетниот дел од сезоната.

Бетис покрај тоа што е во игра за трофејот во Конференциската лига, не се предава ниту од битката за Лигата на шампионите. Голем чекор кон таа цел направи вечерва, со пресврт-победата на гостувањето кај Еспањол, а херој на триумфот од 1-2 беше токму Бразилецот.

Десното крило во судиското надополнување од натпреварот постигна „страшен“ гол во домашната мрежа и на својот тим му ја обезбеди третата победа во низа во Примера. Претходно Фернандез погоди за водство на Еспањол од 1-0, додека израмнувачкиот гол го постигна Ло Селсо во 85. минута. 
 



www.gol.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro