Фудбалерите имаат свои идоли, некои им го земаат и името и го носат на дресот. Македонија има двајца фудбалери кои низ клубовите се познати како Пеле и Робен – тоа се Дарко Алексовски и Мартин Димоски, а интересна приказна доаѓа од Хрватска.
Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од играч на Атлетик Ескалдес со презимето „Модриќ“ на грбот, што изненади многумина љубители на фудбалот. Сепак, не станува збор за хрватската легенда Лука Модриќ, туку за 22-годишниот шпански играч од средниот ред — Пабло Молина Серафин.
Роден во Елче, Шпанија, во октомври 2002 година, Молина e фудбалер кој кариерата ја започнал во шпанските пониски лиги. Во Андора пристигна преку екипата на Иличитана, резервниот состав на Елче, а подоцна го облече дресот на УЕ Санта Колома, каде во изминатата сезона имаше 26 настапи и постигна три гола.
Молина е познат по својата борбеност, тактичка дисциплина и техничка подготвеност, а дресот со натписот „Модриќ“ е лична почест кон неговиот идол. Иако со неговото презиме предизвика забуна, неговата игра во средниот ред и придонесот за победата на клубот во Конференциската лига го поставуваат како еден од играчите кои би можеле да бидат во фокусот на новата сезона.
ФОТО: U. E. Santa Coloma / Facebook
www.gol.mk